Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд. Доцна попладне се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб ветер од источен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во наредните денови ќе преовладува облачно време со сончеви периоди и со услови за утринска магла по одделни котлини. Утре температурата ќе се движи од 13 до 17, а за време на викендот од 13 до 18 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.