| четврток, 6 декември 2018 |

Стевче Јакимовски: Јас сум премиер во Карпош

GROM Stevce Jakimovski_040

Јас сум премиер на Карпош – изјави денеска лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски. Тој на трибината во Битола нагласи дека партијата ГРОМ не е направена од желба за власт, бидејќи тој веќе има власт во Карпош.

„Оваа партија не ја правам за себе, за власт, изјави лидерот на ГРОМ. Јас власт имам. Јас сум „премиер” на Карпош.Во Македонија има многу добри, прекрасни луѓе кои можат да дадат огромен придонес за напредокот на нашата земја. Ние не сме дојдени овде за лошо, ниту сакаме некого да донесеме на власт или да одржиме на власт.Она што сакаме е на граѓаните да им дадеме квалитетна понуда, да им дадеме право на избор, да престанат веќе да гласаат против некого, туку „за”.Ние тоа им го дадовме на граѓаните на Карпош, со квалитетни проекти и решенија кои тие знаеја да ги препознаат”, рече Јакимовски“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top