За Сириската опозиција прогласувањето на привремена курдска самоуправа во северниот дел на Сирија претставува сепаратистички чин.
– Партијата на демократската унија (на сириските Курди) е непријателска група кон сириската револуција, соопшти опозициската Сириска нзционална коалиција, со што го формализира раскинувањето на односите меѓу опозицијата и лавните групи на курдските борци.
Во соопштението се истакнува дека прогласената самоуправа на Курдите е спротивна на „борбата на сирискиот народ за остварување на слободна, единствена и независна држава, ослободена од тиранијата и суверена над цела своја територија“.
Курдските вооружени сили денеска зазедоа уште седум села во североисточна Сирија. Во градот Камишли во севроисточна Сирија локалните Курди вчера прогласија автономија, четири месеци откако курдските лидери ги најавија плановите за формирање на привремена влада. Според одлуката за автономија, курдскиот регион во Сирија е поделен на три зони, кои имаат локални собранија и извршни органи. Во соопштението се наведува дека е создадена привремена цивилна управа на регионот Западен Курдистан – Сирија.Прва задача на привремената управа е изработка на изборен закон и подготвка на општи избори.
По повлекувањето на сириските владини сили во средината на 2012 година управата врз курдските региони во Северна Сирија ја презедоа локални совети. Повлекувањето на владините сили беше тактика која требаше да ги спречи Курдите да стапат во сојуз со бунтовниците.
Пред неколку месеци избувнаа борби меѓу курдските борци и џихадистите, но во октомври курдските сили зазедоа важен премин на границата со Ирак.
Курдите се околу 15 проценти од сириското население, а поголемиот број од нив живеат во северниот дел на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)