| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе добие 160 милиони евра за вработување млади

grcijaГрција ќе добие 160 милиони евра од Европската унија во рамки на Иницијативата за вработување млади, пишува весникот „Катимерини“. Кипар, пак, за иста намена ќе добие над 10 милиони евра.
Иницијативата, предложена од Европскиот совет во февруари 2013 година, има буџет од шест милијарди евра за периодот 2014-2020 година.
Средствата ќе бидат дадени од 1 јануари 2014 година и ќе бидат искористени за програми за вработување, продолжување на образованието и обука во земјите-членки на ЕУ во кои нивото на невработеност меѓу младите надминува 25 проценти.
Невработеноста меѓу младите во Грција изнеснува 59 насто, а вкупната невработеност во земјата изнесува 27 насто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top