Премиерот Никола Груевски смета дека нема да биде трагично ако Македонија на европски самит во декември не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
По средбата со неговата словенечка колешка Аленка Братушек, Груевски, кој е во официјална посета на Словенија, изјави дека дури и ако не добиеме датум, сепак за Македонија и нејзините граѓани ќе осамне нов ден.
Во врска со името премиерот изјавил дека грчката страна не сака да се постигне компромисно решение за името и тоа го потврдува давајќи предлози за кои однапред знае дека не се прифатливи за никого во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


