Малтешкиот парламент донесе одлука со која, граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ во иднина ќе можат да купат државјанство во Малта за 650 илјади евра. Премиерот Џозеф Маскат образложи дека проектот има за цел да донесе приходи во земјата така што ќе привлече потенцијални богати инвеститори. Според неговите проценки, државата би заработила 30 милиони евра во првата година.
Малта е членка на ЕУ, а има и безвизен договор со САД. Експертите проценуваат дека годишно околу 200-300 поединци аплицираат за државјанство во Малта. Според Владата криминалци нема да можат да купат државјанство во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.