| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја победи Грција со 177:1

Виетнам е единствената земја која што освои повеќе гласови од Македонија на гласањето во Обединетите Нации за членки на Советот за човекови права на светската организација.

Според неофицијалнот документ од пребројувањето на гласовите  до кој дојде „Република“ а кој на интернет го објавија претставници на земји членки на ОН, Виетнам добил поддршка од 184 земји а Македонија од 177.

glasanje UN makedonija

По нив се Кина и Русија со 176, Британија со 171, Франција и Јужна Африка со по 169. По нив следуваат јужна и централна америка Куба (148) ,  Мексико (135)  и  Уругвај (93)

На гласањето за избор на ова тело на ОН од западно европските и други земји Грција добила само еден глас каде што најмногу гласови добија Британија и Франција нашиот јужен сосед добил сам еден глас исто колку и Андора, Луксембург и Сан Марино.

Дел од експертите кои  ја познаваат работата на светската организација сепак предупредуваат дека ова гласање во кое Македонија освои многу поголема поддршка од Грција не треба да се поистоветува со гласањето кое би се случило доколку Македонија реши да ги прекине преговорите за името и  побара гласање во Обединетите Нации за прием под уставното име за што се залага дел од јавноста во земјава.

 

glasanje UN

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top