| четврток, 6 декември 2018 |

Кроше за во затвор, а не доби ни жолт картон (видео)

На натпреварот во јужноафриканската лига во која играа тимовите на Кајсер Чифс и Бидвест Витси, се случи несекојдневен прекршок.

Фудбалерот на домашниот тим Морган Гулд во обид да му ја одземе топката, со вистинско кроше го нокаутираше противничкиот играч.

Судијата го виде целиот настан, но го сметаше како безопасен, па не му додели ни жолт картон на Гулд, иако заслужува да биде исклучен од игра, дури и суспензија од неколку натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top