| четврток, 6 декември 2018 |

Казни за произведителот и извозникот на контаминираните краставици

Струмичката компанија која е извозник и оранжеријата што ги произвела контаминираните краставици, што завршија на хрватскиот пазар, ќе бидат казнети на барање на Државниот земјоделски инспекторат. Во нив хрватските инспекциски служби пронајдоа зголемено присуство на пестицидот хлорпирифос.

Според законот компанијата може да биде казнета со 1.200 евра, а одговорното лице ќе треба да плати казната од 2.000 до 6.000 евра.

Дополнително, инспекторатот ќе побара и забрана за вршење дејност, што за правното лице се изрекува во време од 6 месеци до една година, а за одговорното од една до две години.

Пестицидот хлорпирифос е на листата на дозволени пестициди, но со него треба да се постапува според утврдените правила за употреба.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дополнителна истрага, но посочуваат дека контаминираните краставици се уништени во Хрватска, а во Македонија нема краставици кои имаат пестициди повеќе од дозволеното.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top