| четврток, 6 декември 2018 |

Донација на САД за Граничната полиција

Американскиот амбасадор Пол Волерс заедно со министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов и други високи функционери, денеска ќе присуствува на донација на опрема што ќе ја олесни работата на Граничната полиција и на Царинската управа.

Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) обезбеди донација на опрема, вреднa 479.000 американски долари. Опремата се состои  од уреди за ноќно гледање, опрема за термичка обработка на слики, инструменти за инспекција, камери за надзор, ГПС уреди за навигација, детектори за радиоактивност и две патролни возила, а целта е да се олесни работата на Граничната полиција при Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа на Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top