Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на Словенија при што ќе реализира средби со словенечкиот државен врв.
За време на еднодневната посета Груевски ќе има тет-а-тет средба со словенечката премиерка Аленка Братушек, а ќе се сретне и со претседателот на Република Словенија Борут Пахор, како и со претседателот на Собранието Јанко Вебер.
Предвидено е да се одржи и Пленарната седница на делегациите, предводени од премиерите Никола Груевски и Аленка Братушек заедно со ресорните министри. По завршување на седницата ќе се потпише Меморандумот за соработка од областа на спортот, кој што ќе го потпишат директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Александар Пујовски и министерот за образование, наука и спорт на Република Словенија Јернеј Пикало.
Во состав на владината делегација која ја предводи премиерот Груевски се и министрите за надворешни работи Никола Попоски, за траспорт и врски Миле Јанакиески и за образование и наука Спиро Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски