| четврток, 6 декември 2018 |

Еколошка катастрофа: Отворена неготинската браната Липа, уништени два тона риба, без вода 700 грла добиток

lipa brana

Повеќе од 700 грла добиток останаа без вода за пиење, а изумреа и два тона риба од сортите крап и караш откако некој, од засега непознати причини, го отворил вентилот на браната Липа кај Неготино.

Водата од акумулацијата завршила во реката Вардар, а коритото од езерцето е претворено во голема каллива површина. За жителите од сите околни села ова е вистинска еколошка катастрофа и тие очекуваат брза и навремена интервенција на државните органи за пронаоѓање на виновникот и за санирање на штетите, јави ТВ Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top