
Апелациониот суд Скопје им ги зголеми затворските казни на дел од обвинетите во случајот „Матастаза“, информираат од Основен суд Скопје 1. Апелација ги отфрли како неосновани жалбите на обвинетите, а одлучувајќи по жалбите на обвинителството за организиран криминал и корупција ја уважи и ја преиначи првостепената одлука за случајот „Метастаза“ во делот на висината на затворските казни.
За четворица обвинети и тоа С.Ј., Љ.В., А.К., Љ.Б. кои со првостепената пресуда беа осудени на казна затвор, истата им се зголеми, а за пет обвинети В.П., Т.П., Д.Б., В.Д. и М.З. на кои им беше изречена алтернативна мерка-условна казна затвор, утврдените казни затвор, Апелација исто така им ги зголеми.
Како што информираат од Судот, со пресуда на Апелациониот суд Скопје, од двајца обвинети и тоа А.К. и Љ.В. се конфискува непосредната и посредната имотна корист, која се состои во парични средства. Во останатиот дел пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје остана иста.
Обвинението за случајот „Метастаза“ опфати 38 лекари, службеници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, кои на нелегален начин и со посредништо земале мито и доделувале назаконски инвалидски пензии. Според Обвинителството за организиран криминал и корупција, групата функционирала две години и наводно за тој период заработила нелагално 165.000 евра, а буџетот на Фондот бил оштетен за 53.000 евра. Во првостепената судска постапка затворска казна им беше одредена на 17-мина, а останатите дваесетмина добија условна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


