| четврток, 6 декември 2018 |

„НовоЛото 7/34“ слави 1.000.000 евра – доделени добивки во 90 кола во 2013

Во овие 90 кола е остварена една седумка во вредност од над 282.000 евра уплатена во Скопје во „Монас трејд“ на улица „Македонија“, девет добивки 6+1 постигнати во различни градови низ Република Македонија, 272 добивки за шест погодоци шестки, 11. 279 добивки за пет погодоци и 15.839 добивки за четири погодоци.

Со ова играта „НовоЛото“ е високо на почесното место – омилена игра на македонските граѓани која ја носи највисоката премија во Македонија.

Бројката од над 1.000.000 евра во постигнати и доделени добивки во 2013 година се однесува само на играта „НовоЛото“, додека дополнителната игра „НовоЛото Џокер“, чии извлекувања се реализираат во истата ТВ емисија, веднаш по извлекувањата на „НовоЛото“, носи посебна среќна приказна. Таа среќна приказна во 90. коло го доби и својот трет добитник на премија Џокер со 6 погодоци со рекордна добивка за оваа дополнителна игра од над 3.000.000 денари. Веќе се запознавме и со среќниот добитник, а сторијата за него ќе ја сместиме во следното известување.

Играчите на „НовоЛото“ знаат зошто ѝ се верни на оваа игра, а според сумата на доделени добивки во 2013 година, ја оправдува нивната верба.

Во моментов премијата за седумка на „НовоЛото“ изнесува повеќе од 13.300.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top