Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, го отвори традицоналниот шаховски турнир по повод одбележувањето на 13 ноември, Денот на ослободување на Скопје.
– Не само чест, туку и особно задоволство ми е да сум денеска тука со вас на традиционалниот шаховски турнир во очи на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Секоја година на празникот на нашето Скопје се среќаваме и евоцираме спомени, се среќаваме и се дружиме неколку генерации. Оние кои се бореа, оние кои го градеа Скопје, генерацијата на скопскиот земјотрес и младите во чии раце ќе го оставиме Скопје. Треба да внимаваме што ќе им оставиме зашто не само историјата, туку и сегашноста треба да гради темели за иднината – рече Жерновски.
За градоначалникот Жерновски оваа средба е и можност да се види со пензионерите и да договорат и конкретни чекори.
– Еден од приоритетите на Општина Центар се и ќе бидат повозрасните граѓани. Вие сте моја голема инспирација за сите битки кои ги водиме – им порача Жерновски.
Турнирот е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на град Скопје и Здружението на пензионерите на општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените