| четврток, 6 декември 2018 |

10 години од смртта на астронаутите на спејс шатлот Колумбија

Десет години по несреќата со спејс шатлот  Колумбија…Членовите на семејствата на сите седум астронаути, се собраа денеска на комеморација, а многумина им ги откриле на новинарите своите животни приказни по несреќата, но и денеска не им замеруваат на НАСА поради начинот на кој пристапија на проблемот и одлуката која во тој момент ја донесоа.

НАСА неодамна откри дека на екипажот на спејс шатлот Колумбија, кој на 1 февруари, 2003 година се разнесе на Тексас, не им откриле дека имаат дефект и дека нема да го преживеат повторното влегување во атмосферата.

Шатлот се враќал од 16 дневна мисија кога над Тексас му се оштетило левото крило поради кое и дошло до несреќата. Пред точно 10 години, експертите на НАСА морале да донесат тешка одлука и да изберат дали на екипажот ќе му кажат дека нема да го преживее повторното влегување во атмосферата и дека наскоро ќе им заврши кислородот, или тој податок ќе го задржат за себе.

Американскиот амбасадор во Тел Авив го посети гробот на првиот астронаут Израел, Илан Рамон, кој загина пред десет години (фото ЕПА)

Американскиот амбасадор во Тел Авив го посети гробот на првиот израелски астронаут, Илан Рамон, кој загина пред десет години (фото ЕПА)

 

 

 

На крајот сепак одлучија дека ќе ги поштедат од лошата вистина.Во тој момент не постоел начин да се одстрани дефектот, екипажот бил предалеку од меѓународната вселенска станица, а тимот кој би можел да го одстрани дефектот неможел да дојде до шатлот на време.

Вејн Хејл, кој стана водач на спејс шатл програмата во НАСА, на својот блог го опиша своето двоумење: “Мислам дека и самиот екипаж би избрал да незнае за тоа што ќе им се случи наскоро. Не мислите дека и за нив би било подобро до крајот да веруваат дека одработиле успешна мисија и загинале неочекувано за време на враќањето отколку да останеа безпомошни во орбитата, занејќи дека нема пад, чекајќи да го снема целиот кислород”?
Хејл е воедно и единствената личност која јавно ја прифати кривицата..

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top