| четврток, 6 декември 2018 |

На југ ништо ново…

Име­то да бе­ше бо­ксер, ќе бе­ше не­при­кос­но­вен свет­ски шам­пи­он. Ќе ги за­се­не­ше и Мо­ха­мед Али, Тај­сон, Хо­ли­филд, Клич­ко, па ду­ри и Ро­ки Бал­боа. Из­др­жа тол­ку мно­гу рун­ди, без­број, а сѐ уште е на но­зе. Потк­лек­на са­мо ко­га ја при­фа­тив­ме „при­вре­ме­на­та“ ре­фе­рен­ца. Пос­лед­на­та рун­да, пак, не бе­ше ни во об­ло­жу­вал­ни­ци­те. Не бе­ше ин­те­рес­на за ни­ко­го. Си­те го зна­е­ја ре­зул­та­тот. За не­го­во­то ме­сте­ње ви­на­та е кај Ати­на. Гр­ци­ја и пред и по рун­да­та пре­зен­ти­ра­ше тврд став, це­мен­ти­ра­ни по­зи­ции и то­тал­но не­от­ста­пу­ва­ње од т.н. цр­ве­ни ли­нии

nimitz-jolevski-vasilakis-1

Офи­ци­јал­ни­от став по­втор­но не дој­де од ка­би­не­тот на Са­ма­рас, ту­ку по поз­на­та­та ли­ни­ја на по­мал от­пор на­ре­че­на „Ка­ти­ме­ри­ни.“ Офи­ци­јал­на Ати­на, свес­на де­ка, по­ра­ди бра­ќа­та од Евро­па, не смее отво­ре­но да ка­же де­ка ги зац­вр­сту­ва по­зи­ци­и­те и ги отеж­ну­ва пре­го­во­ри­те, твр­ди­от став си го иска­жа пре­ку про­ве­ре­ни­те ме­ди­у­ми. А, на ста­ри­от кон­ти­нент си­те зна­ат чиј е ста­вот, но си мол­чат. Европ­ска кла­си­ка… Во ме­ѓу­вре­ме, Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос мно­гу се на­вре­ди од име­то по­ра­неш­на ото­ман­ска про­вин­ци­ја Гр­ци­ја? Ако, убав по­тег за да сфа­ти, ма­кар и на мо­мент, ка­ко им е на Ма­ке­дон­ци­те се­кој бож­ји ден.

Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те има­ат раз­лич­ни ста­во­ви за ре­зул­та­ти­те од Њу­јорк. За уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор То­ни Де­ско­ски до­бра вест е што во игра оста­ну­ва април­ски­от пред­лог. Про­фе­со­рот и по­ра­не­шен ам­ба­са­дор Ѕво­ни­мир Јан­ку­лов­ски ве­ли де­ка со грч­ка­та аро­ган­ци­ја ста­ну­ва де­гу­тант­но да се раз­го­ва­ра за до­бри идеи. Спо­ред ексам­ба­са­до­рот Ри­сто Ни­ков­ски, пак, крај­но вре­ме е да се ба­ра­ат но­ви ал­тер­на­ти­ви, за не­го Ни­миц и про­це­сот ве­ќе се истро­ше­ни.

Toni-Deskoski-malaДескоски:
Из­ја­ва­та на по­сред­ни­кот Ни­миц по нај­но­ва­та рун­да пре­го­во­ри во Њу­јорк ми­на­та­та не­де­ла до­не­се ед­на до­бра вест, а тоа е де­ка на ма­са сѐ уште е април­ски­от пред­лог, кој е под­др­жан од САД и од ЕУ. Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те кои беа пу­ште­ни во јав­но­ста (пред сѐ пре­ку грч­ки­от дне­вен вес­ник „Ка­ти­ме­ри­ни“), ос­но­ва­та на тој пред­лог е при­фа­ќа­ње од на­ша стра­на на име­то „Гор­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“ за упо­тре­ба во ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си, и тоа не за се­вкуп­ни­те ме­ѓу­на­род­ни од­но­си (erga omnes), ту­ку во огра­ни­чен обем (иа­ко не е до­крај јас­но кол­ка­во е тоа огра­ни­чу­ва­ње).

Јас­но е де­ка пре­ку ста­ва­ње­то ва­ков пред­лог пред две­те зем­ји, САД и ЕУ се прид­ви­жи­ја зна­чи­тел­но во на­ша пол­за, во од­нос на она што го имаа дек­ла­ри­ра­но пред и по са­ми­тот на НА­ТО во Бу­ку­решт ко­га тие цвр­сто сто­е­ја зад грч­ка­та по­ну­да за име „Ре­пуб­ли­ка Се­вер­на (или Гор­на) Ма­ке­до­ни­ја“ за се­вкуп­на ме­ѓу­на­род­на упо­тре­ба. Та­кви­от че­кор е ди­рект­на пос­ле­ди­ца на пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та за кр­ше­ње­то на При­вре­ме­на­та спо­год­ба. Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја сво­ја­та дип­ло­мат­ска актив­ност тре­ба да ја на­со­чи кон цен­три­те на гло­бал­на моќ и да се оби­де сво­и­те по­зи­ции да ги усог­ла­си со нив­ни­те, па ду­ри по­тоа да се фо­ку­си­ра на грч­ки­те ба­ра­ња. Сѐ ду­ри ма­ке­дон­ски­от став не се сов­пад­не со тој на САД и на ЕУ, Гр­ци­ја ќе има про­стор за ма­не­вар пре­ку по­ди­га­ње на ни­во­то на сопс­тве­ни­те „цр­ве­ни ли­нии“, ка­ко та­кти­ка за оне­воз­мо­жу­ва­ње на по­стиг­ну­ва­ње­то до­го­вор, што оди са­мо на на­ша ште­та. Мо­ра да ни би­де кри­стал­но јас­но, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не­ма ни­ка­кви шан­си во ди­рект­ни пре­го­во­ри со Гр­ци­ја, без учес­тво и под­др­шка од го­ле­ми­те си­ли, а таа под­др­шка има свои гра­ни­ци.

Zvonimir-Jankulovski-malaЈанкуловски:
Ко­неч­но, ја ви­дов­ме ви­стинз­ска­та сли­ка на це­ли­от про­цес на раз­го­во­ри или пре­го­во­ри за раз­ли­ки­те за име­то на на­ша­та др­жа­ва што се во­дат под за­кри­ла на Обе­ди­не­ти­те на­ции. Це­ли­от овој про­цес, кој трае ве­ќе пре­дол­го, ја ста­ва на тест на­ша­та из­држ­ли­вост, на­ша­та то­ле­рант­ност и тр­пе­ние за тоа до ка­де мо­же да се оди со пот­це­ну­ва­ње­то и га­зе­ње­то на до­сто­инс­тво­то на ед­на це­ла на­ци­ја. Пра­ша­ње­то за име­то на на­ша­та др­жа­ва ста­на средс­тво за уце­на, средс­тво на при­ти­сок и свес­но кре­и­ра­на преч­ка во про­це­сот на на­ше­то евро­ин­те­гри­ра­ње. Во ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си ве­лат де­ка др­жа­ва­та до­би­ва чо­веч­ка над­лич­ност: др­жа­ва­та мра­зи, са­ка, др­жа­ва­та има до­сто­инс­тво, др­жа­ва­та е по­чи­ту­ва­на и слич­но. Ко­га по­ли­ти­ка­та на ед­на др­жа­ва не ја сле­ди вол­ја­та на на­ро­дот и са­ма го по­га­зу­ва не­го­во­то до­сто­инс­тво, кре­и­ра пре­се­дан врз ос­но­ва на кој ве пер­це­пи­ра­ат оста­на­ти­те акте­ри во ме­ѓу­на­род­ни­от си­стем. Ба­ра­ња­та и „цр­ве­ни­те ли­нии“ што Гр­ци­ја ги ис­по­ра­ча во Њу­јорк се ре­зул­тат на са­мо­по­га­зе­но­то до­сто­инс­тво од стра­на на ед­на по­губ­на по­ли­ти­ка на сопс­тве­на­та др­жа­ва, пра­веј­ќи нѐ си­ве го­ди­ни за­лож­ник, и се израз на аро­ган­ци­ја­та на дру­га­та др­жа­ва де­ка мо­же да про­дол­жи да га­зи по на­ше­то до­сто­инс­тво оби­ду­вај­ќи се пре­ку про­ме­на­та на име­то на др­жа­ва­та иден­ти­тет­ски да нѐ обез­ли­чи. Ве­ќе ста­ну­ва де­гу­тант­но да рас­пра­ва­те за „до­бри идеи“ за мож­но­то ре­ше­ние на пра­ша­ње­то за име­то ко­га има­те „цр­ве­ни ли­нии“ на грч­ка­та стра­на што не се ни­што дру­го од зе­ми или оста­ви, без жел­ба за ба­ра­ње евен­ту­а­лен мо­жен ком­про­мис. Ако во­оп­што не­кој мо­же да сфа­ти што е тоа ком­про­мис во пог­лед на ба­ра­ње­то са­ми иден­ти­тет­ски да се обез­ли­чи­ме пре­ку про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та.

Risto-Nikovski-malaНиковски:
Пос­лед­на­та рун­да пре­го­во­ри во Њу­јорк са­мо по­твр­ди­ја де­ка про­це­сот на ме­ди­ја­ци­ја на Ни­миц е де­фи­ни­тив­но по­тро­шен и де­ка е (крај­но) вре­ме да се ба­ра­ат но­ви ал­тер­на­ти­ви. Бло­ки­ра­на, уце­не­та и со ул­ти­ма­тум во Бри­сел (пр­во име­то, по­тоа членс­тво­то), Ма­ке­до­ни­ја не­ма вре­ме за че­ка­ње. Ако ве­ќе 20 го­ди­ни Ни­миц и не­го­ви­те прет­ход­ни­ци не на­пра­ви­ја ни­што, а тој са­ми­от пред еден ме­сец ре­че де­ка се­га ја раз­брал Ати­на, кој мо­же да га­ран­ти­ра де­ка не­ма да му тре­ба­ат, не­му или на нас­лед­ни­кот, уште тол­ку го­ди­ни за да по­ну­ди ви­стин­ско ре­ше­ние. Со­се­ма е јас­но де­ка мо­ра да се ме­ну­ва на­ша­та стра­те­ги­ја и да се пре­зе­ме со­од­вет­на ини­ци­ја­ти­ва за над­ми­ну­ва­ње на ста­тус кво­то и за из­ле­гу­ва­ње од ќор-со­ка­кот во кој сме до­ве­де­ни.

 

Ка­ко ма­ке­дон­ска­та стра­на да од­го­во­ри на грч­ко­то ба­ра­ње за име за се­вкуп­на упо­тре­ба, ме­ну­ва­ње на Уста­вот, при­да­вка пред Ма­ке­до­ни­ја, а не пред Ре­пуб­ли­ка? Ка­ко да се од­го­во­ри на та­ков „не­при­сто­ен пред­лог“ и кои би би­ле ма­ке­дон­ски­те „цр­ве­ни ли­нии“?

Zvonimir-Jankulovski-malaЈанкуловски:
Очиг­лед­но е де­ка на грч­ка­та стра­на не ѝ се бр­за со ба­ра­ње ре­ше­ние за спо­рот за име­то. Ин­до­лен­тен и пот­це­ну­вач­ки од­нос е сли­ка­та што ни е про­е­кти­ра­на од пос­лед­на­та сред­ба во Њу­јорк. Са­мо пог­ле­дај­те го пос­лед­ни­от пред­лог од грч­ка стра­на – слав­ја­но–ал­бан­ска Ма­ке­до­ни­ја за се­вкуп­на упо­тре­ба. На­ша­та не­по­пуст­ли­вост, од­нос­но не­по­пуст­ли­во­ста на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски за пра­ша­ње­то за име­то, е оце­не­та ка­ко аро­ган­ци­ја, а ка­ко да го на­ре­че­те и кр­сти­те ва­кви­от не­бу­ло­зен пред­лог. Ни­ка­ко дру­го, освен по­и­гру­ва­ње и пот­це­ну­ва­ње на су­ве­ре­на, не­за­вис­на и де­мо­крат­ска др­жа­ва. На тој на­чин грч­ка­та стра­на јас­но ни по­ка­жа што мис­ли за пре­го­ва­рач­ки­от про­цес во Њу­јорк и за се­ри­оз­но­ста на се­то она што се слу­чу­ва та­му. За нас ова пра­ша­ње е од ви­сок на­ци­о­на­лен ин­те­рес, за грч­ка­та стра­на пра­ша­ње за потс­мев. Не­што што не сме­е­ме ве­ќе да го доз­во­ли­ме. Мис­лам де­ка ма­ке­дон­ски­те „цр­ве­ни ли­нии“ се опре­де­ле­ни од мно­зинс­тво­то во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а вла­да­та не гле­дам де­ка по­ста­пу­ва спро­тив­но на нив. Вол­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род за не­ме­ну­ва­ње на име­то е нај­сил­на­та „цр­ве­на ли­ни­ја“ што мо­же да ја ис­по­ра­ча­ме во мо­мен­тов во про­це­сот на раз­го­во­ри за раз­ли­ки­те за име­то на на­ша­та др­жа­ва. За­тоа што се­ко­ја зре­ла на­ци­ја има свои сим­бо­лич­ни пеј­за­жи. Тие се дел од ико­но­гра­фи­ја­та на др­жав­но­ста ка­ко дел од за­ед­нич­ки­те сет идеи, спо­ме­ни и чув­ства што нѐ вр­зу­ва­ат за­ед­но на овој про­стор. Име­то, ка­ко сим­бол не са­мо што не де­фи­ни­ра те­ри­то­ри­јал­но, ту­ку е еден од нај­важ­ни­те изра­зи на на­ши­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет, обез­бе­ду­ва исто­ри­ски кон­ти­ну­и­тет и е средс­тво за за­чу­ву­ва­ње на кул­тур­ни­те тра­ди­ции на ма­ке­дон­ски­от на­род. Тоа е на­ша­та „цр­ве­на ли­ни­ја“. И ни­ед­на дру­га. На­ши­от устав, на­ше­то erga omnes.

Risto-Nikovski-malaНиковски:
Грч­ка­та „цр­ве­на ли­ни­ја“ и име за се­вкуп­на упо­тре­ба се обич­ни бле­фо­ви за да се ма­кси­ми­ра нив­на­та по­зи­ци­ја. Кој нор­ма­лен за­мис­лу­ва де­ка мо­жат да нѐ пре­кр­стат и до­ма? И да нѐ оку­пи­ра­ат, не дај бо­же, тоа не­ма да функ­ци­о­ни­ра по­дол­го­роч­но. Ма­кси­му­мот што мо­жат да го до­би­јат е кла­сич­на из­ма­ма и ја­ди­ца за нас – т.н. име за над­вор. Де­мек, ќе нѐ ос­ло­бо­ду­ва­ат од на­мет­на­та ре­фе­рен­ца, за што, не­ли, мо­ра­ме да им би­де­ме бла­го­дар­ни а, за воз­врат, ќе се сог­ла­си­ме на са­мо­у­бис­тво – да при­фа­ти­ме име за ме­ѓу­на­род­на упо­тре­ба. А, за што дру­го ни е име­то ако не за све­тот? Или, ка­ко и зо­што ток­му ние да ја ме­ну­ва­ме ре­фе­рен­ца­та ко­ја ни е на­мет­на­та со си­ла и без на­ша сог­лас­ност; ко­ја ни­ко­гаш не сме ја упо­тре­би­ле; ко­ја нас не нѐ об­вр­зу­ва? А, ќе при­фа­ти­ме име кое ќе мо­ра­ме да го ко­ри­сти­ме се­ка­де, за кра­тко вре­ме – вклу­чу­вај­ќи и до­ма. Тоа ќе зна­чи де­ка са­ми­те ќе се пре­кр­сти­ме, што не­из­беж­но ќе во­ди и до про­ме­на на Уста­вот. За све­тот ќе би­де­ме се­вер­на, сред­на, гор­на, по­лу­ле­ва… Ма­ке­до­ни­ја, и ни­што дру­го. Ре­пре­зен­та­ци­и­те и до­ма ќе мо­ра да игра­ат под исто­то име…

Fule-Hovit

Пра­ша­ње­то за име­то и не­го­ва­та ин­вол­ви­ра­ност во евро­ин­те­гра­ци­и­те во кон­ти­ну­и­тет про­ду­ци­ра­ат за­си­лу­ва­ње на евро­скеп­ти­циз­мот, па сѐ по­че­сто мо­же да слуш­не­ме из­ја­ви од ти­пот „пре­го­во­ри­те да се пре­ки­нат“ или „по таа це­на не ни тре­ба ЕУ“. Мож­но ли е, ко­неч­но, да се слу­чи па­ра­лел­но од­ви­ва­ње на пре­го­во­ри­те со ЕУ и со ООН, иде­ја ко­ја ја про­мо­ви­раа Фи­ле, Хо­вит и дру­ги, или тоа, се­пак, е са­мо уште ед­на уто­пи­ја?

Toni-Deskoski-malaДескоски:
За­си­лу­ва­ње­то на евро­скеп­ти­циз­мот во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и во­оп­што на­ма­лу­ва­ње­то на до­вер­ба­та во за­пад­ни­те со­јуз­ни­ци е еден од ефе­кти­те кои Гр­ци­ја не­сом­не­но са­ка да ги про­из­ве­де со бло­ки­ра­ње­то на на­ши­те евро­ат­лант­ски ин­те­гра­ции. На ра­ко­водс­тво­то на на­ша­та зем­ја е да го уви­ди тоа и да го спре­чи, или ба­рем да го ми­ни­ми­зи­ра. При тоа, мо­е­то мис­ле­ње е де­ка оп­ста­но­кот и одрж­ли­ви­от раз­вој на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во­ди единс­тве­но пре­ку членс­тво во ЕУ и во НА­ТО, и тоа што е мож­но по­бр­зо. Ка­ко ќе рас­те бро­јот на со­сед­ни др­жа­ви кои се зач­ле­ни­ле во ЕУ пред нас, та­ка ќе рас­тат и ус­ло­ву­ва­ња­та кон нас за зач­ле­ну­ва­ње. Обрат­но, кол­ку по­бр­зо ќе се ин­те­гри­ра­ме во НА­ТО и во ЕУ, за раз­ли­ка од со­се­ди­те, тол­ку по­ве­ќе про­стор ќе има­ме за да ин­си­сти­ра­ме на ре­ша­ва­ње на отво­ре­ни­те би­ла­те­рал­ни пра­ша­ња под на­ши ус­ло­ви при нив­ни­от при­ем во овие ор­га­ни­за­ции. Ини­ци­ја­ти­ва­та за па­ра­лел­но од­ви­ва­ње на пре­го­во­ри­те за членс­тво во ЕУ со оние за раз­ли­ка­та за име­то е ба­зи­ра­на на ед­на прет­по­ста­вка: де­ка е нуж­но да се спре­чи Гр­ци­ја да по­ста­ву­ва „цр­ве­ни ли­нии“ во пре­го­во­ри­те за раз­ли­ка­та за име­то кои се не­ра­зум­ни спо­ред сфа­ќа­ња­та на на­ши­те за­пад­ни со­јуз­ни­ци. Мер­ка­та за тоа што е „раз­ум­но“ се ма­ни­фе­сти­ра пре­ку пред­ло­зи­те кои ги фор­му­ли­ра по­сред­ни­кот Ни­миц. За­тоа, за да мо­же да про­функ­ци­о­ни­ра оваа иде­ја, ус­лов е на­ша­та зем­ја да се усог­ла­си со САД и со ЕУ. Ду­ри то­гаш ќе би­де мож­но да ни се по­до­тво­ри вра­та­та за при­стап­ни пре­го­во­ри со ЕУ, ка­ко фор­ма на при­ти­сок кон Гр­ци­ја за и таа да се прид­ви­жи кон ком­про­мис. Пра­ктич­но, го­ле­ми­те игра­чи си обез­бе­ду­ва­ат ло­сто­ви за кон­тро­ла на две­те стра­ни во спо­рот, па во за­вис­ност од тоа ко­ја од нив ќе за­стра­ни, се акти­ви­ра со­од­вет­ни­от лост за при­ну­да.

Risto-Nikovski-malaНиковски:
Ни­ско­то ни­во на евро­скеп­ти­ци­зам во зем­ја­та е нај­нов до­каз за не­из­мер­на­та (ако доз­во­ли­те – и глу­па­ва!) тр­пе­ли­вост на Ма­ке­до­не­цот. Пос­ле сѐ што на не­ле­га­лен, крај­но не­прин­ци­пи­е­лен, не­ко­ре­ктен и, ако са­ка­те, без­о­бра­зен на­чин ни го пра­ват Ва­шин­гтон и Бри­сел ве­ќе по­ве­ќе од 20 го­ди­ни, тоа ја де­мон­стри­ра без­гра­нич­на­та (и крај­но не­раз­бир­ли­ва) на­ша то­ле­ран­ци­ја. Ме­ди­ја­ци­ја­та не сме­е­ме да ја пре­ки­ну­ва­ме би­деј­ќи со тоа не­по­треб­но ќе се из­ло­жи­ме на оправ­да­ни кри­ти­ки. Ме­ѓу­тоа, што по­ско­ро тре­ба да се обра­ти­ме до ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ООН, да го из­ве­сти­ме де­ка ме­ди­ја­ци­ја­та не ус­пеа и не­ма ни­ка­кви изг­ле­ди да до­не­се ре­ше­ние. Да по­ба­ра­ме пред­ме­тот да се вра­ти на Со­ве­тот за без­бед­ност со ин­си­сти­ра­ње да се из­вр­ши но­ва ева­лу­а­ци­ја на проб­ле­мот би­деј­ќи си­те „ар­гу­мен­ти“, на дру­га­та стра­на, од по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни из­ле­гоа лаж­ни и из­мис­ле­ни. Бри­сел е во крај­но не­при­јат­на по­зи­ци­ја. Со иг­но­ри­ра­ње­то на ха­шка­та пре­су­да тие се ста­ви­ја над­вор од ме­ѓу­на­род­ни­от пра­вен си­стем. Исто ка­ко и те­ро­ри­сти­те. За­тоа, не мо­же да се иск­лу­чи одре­ду­ва­ње да­тум за пре­го­во­ри за членс­тво со об­вр­ска за ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот во ра­на фа­за, иа­ко и тоа мно­гу те­шко ќе по­ми­не.

Zvonimir-Jankulovski-malaЈанкуловски:
Са­кам да ве­ру­вам де­ка ира­ци­о­на­лен спор не­ма да про­ду­ци­ра ира­ци­о­нал­но од­не­су­ва­ње на Европ­ска­та уни­ја по пет­ти пат. Ни­ту пак на­ше. Очиг­ле­ден и про­ви­ден е оби­дот со не­бу­лоз­ни пред­ло­зи за име­то, што ги спо­ме­нав по­го­ре, да би­де­ме вов­ле­че­ни во сце­на­ри­о­то на на­ши­от ју­жен со­сед, со кое са­ка да ја по­ка­же пред све­тот и Евро­па на­ша­та не­кон­стру­ктив­ност во пре­го­ва­рач­ки­от про­цес во Њу­јорк. Не сум од оние што изреч­но твр­дат де­ка тре­ба да ги пре­ки­не­ме пре­го­во­ри­те. Од оние сум што ве­ру­ва­ат де­ка кон пре­го­во­ри­те тре­ба да при­ста­пи­ме крај­но ра­ци­о­нал­но и трез­ве­но, се­га со ве­ќе јас­на по­зи­ци­ја од дру­га­та стра­на, а при­тоа не­за­вис­но од дол­жи­на­та на про­це­сот да про­дол­жи­ме на па­тот на ре­фор­ми­те. Мно­гу­па­ти сум спо­ме­ну­вал де­ка цел­та на евро­ин­те­гра­тив­ни­от про­цес е евро­пе­и­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, а не по се­ко­ја це­на членс­тво во Европ­ска­та уни­ја. Осо­бе­но не по це­на на на­ше иден­ти­тет­ско обез­ли­чу­ва­ње. Не са­кам мо­јот иден­ти­тет ка­ко Ма­ке­до­нец, мо­јот ја­зик ка­ко ма­ке­дон­ски, мо­ја­та кул­ту­ра ка­ко ма­ке­дон­ска да би­де об­јас­ну­ва­ње нег­де во фус­но­та за обе­зи­ме­на др­жа­ва. И по пет­ти­от пос­ле­до­ва­те­лен по­зи­ти­вен из­ве­штај за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, се пра­шу­вам до ка­де ќе оди кре­а­тив­но­ста на Уни­ја­та во оби­ди­те да ја оправ­да сво­ја­та не­прин­ци­пи­ел­ност и сво­ја­та не­моќ да из­ле­зе од за­лож­ниш­тво на еден ира­ци­о­на­лен спор на­мет­нат од ед­на неј­зи­на член­ка. А, мо­же­би овој пат не­ма да тре­ба да би­де кре­а­тив­на. Којз­нае, мо­же­би овој пат ќе ги сле­ди прин­ци­пи­те и вред­но­сти­те на кои е по­ло­же­на и кои си­те ги по­са­ку­ва­ме во др­жа­ва­ва. Не гле­дам ни­ка­ква преч­ка два­та пре­го­ва­рач­ки про­це­са да се од­ви­ва­ат па­ра­лел­но. Тој во Њу­јорк и тој во Бри­сел. Се­пак, она што го по­са­ку­вам и она што ре­ал­но се на­мет­ну­ва ка­ко преч­ка – име­то е пре­диз­ви­кот пред кој е ис­пра­ве­на Европ­ска­та уни­ја. По пет­ти пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top