| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Не постои земја која се вика Кипар

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган даде провокативна изјава на средба во Полска истакнувајќи дека не постои никаква земја која се вика Кипар, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Тој, исто така, додаде дека одлуката на ЕУ да ја прими кипарско-грчката администрација во своето семејство не била во согласност со европските закони, туку политички избор.

Зборувајќи на средба во Полска, Ердоган поконкретно изјави дека не постои држава која се вика Кипар, објаснувајќи дека тоа што постои е локална администрација на јужен Кипар.

– Северен Кипар има и една зелена линија меѓу северен и јужен Кипар, на која се наоѓаат безбедносни сили на ОН, за кои ЕУ знаеше кога ја донесе одлуката за членството на оваа островска земја – нагласи турскиот премиер.

Весникот „Етнос“ пишува дека изјавите на Ердоган предизвикале остри реакции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top