Облечена во црно мини-здолниште и кожена јакна, згодната и енергична Далматинка не престана два и пол часа да игра на сцената и да комуницира со публиката.
Дождот го расипа концертот на хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга на Градскиот плоштад во Куманово, но не и расположението на публиката, по повод Денот на ослободувањето на градот, пренесува „Куманово њуз“.
Розга му ја посвети песната „Пророк“ на градоначалникот, а тој на неа во своето обраќање ѝ порача дека е најубавата жена на Балканот.
– Тој е прекрасен човек и му благодарам на комплиментите. Го запознав пред 5 години и тогаш на концертот не ја отпеав песната „Пророк“. Тој на вечерата ми кажа дека му е омилена. Избрал прекрасна балада и затоа вечерва ја ставив на репертоар и му ја посветив нему – додава Розга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


