Тимот на Атланта хоукс ноќеска ја извојува четвртата победа во годинешната сезона од НБА-лигата. Овој пат беше поразена екипата на Шарлот со 103-94, и тоа на гостински терен.
„Јастребите“ на полувремето губеа со осум поени разлика, но пресврт следуваше во третата четвртина, која ја добија со 18 поени.
Најзаслужен за победата беше Ал Хорфорд со 24 поени и Џеф Тиго со 14 поени и 12 скока.
Нашиот Перо Антиќ овој пат не беше во тимот на Атланта затоа што тренерот решил да го одмори.
Со оваа победа Атланта се искачи на врвот на дивизијата заедно со тимот на Мајами хит, со по четири победи и три порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.