Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ќе отсуствува од терените од шест до осум недели, денеска потврдија од Барселона.
Медицинските прегледи покажаа дека 26-годишниот фудбалер го истегнал мускулот на бутот од левата нога. Заздравувањето ќе му трае од еден до два месеца, па така првиот дел од рехабилитацијата ќе му биде во Барселона, а вториот во Буенос Аирес.
Меси се повреди во неделниот натпревар против Бетис во шпанското првенство, а од игра излезе по 22 минути игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


