| четврток, 6 декември 2018 |

Листа на најзадолжените на ММФ: Грција убедливо најзадолжена држава во светот

Според оваа листа, Грција е убедливо најзадолжена држава на светот со 173 отсто од БДП.

1. Грција

2. Јапонија

3. Либан

4. Португалија

5. Гренада

6. Италија

7. Ирска

8. Антиква и Барбадос

9. Капе Верде

10. САД

atina

Грчкиот БДП се намалува шест години со ред, годинава падот ќе изнеусва 4,2%. ММФ прогнозира дека грчката економија ќе почне да рсте во 2014 година и ќе расте со стапка од околу 3 % годишно во следните четири години. Мерките за штедење ги намалија огромните грчки дефицити, но земјата има долг пат за да ги намали обврските.

Уште неколку земји од еврозоната имаат слични проблеми како оние на Грција, а тука се Италија, Португалија и Шпанија, кои исто така, се очекува да забелажат економска криза во 2013 година, но по примерот на Грција, нивните економии се очекува да започнат полека да се зголемуваат во 2014 година. Јапонија е на второ место во рангирањето на ММФ со обврски во износ од 140% од БДП. Економијата на Јапонија, која е третата најголема во светот по САД и Кина, се очекува да расте со помалку од 2% годишно до 2018 година.

Пет други земји во светот, исто така имаат обврски кои ги надминуваат нивниот БДП . Тоа се Либан, Португалија (очекувани 118 % за 2013 година, Гренада (очекувани 116 % за 2013 година ), Италија (очекувани 110% за 2013 година) и Ирска .

САД е рангирана на 10 -то место со обврски во износ од 87% од БДП . Како апсолутна вредност, сепак државата има поголеми обврски од која и да било друга страна – 14.6 трилиони долари. Износот е два пати поголем од оној на втората задолжена земја во апсолутна вредност – Јапонијa. Долгот на Јапонија се зголеми за 10 трилиони долари во изминатата деценија.

Земјите во развој се чини дека имаат помалку обврски од традиционалните светски сил . Бразил пример е седмата најголема економија во свето , но нејзините обврски изнесуваат 34% од БД .

Податоците на ММФ, сепак, покажуваат дека Кина е трета во светот по заштеди, кои изнесуваат 51% од БДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top