| четврток, 6 декември 2018 |

Советничката на Влада која обожава да се фотографира разголено

Српската влада баш знае како да одбере...

Таа е помлад соработник во Министерството за надворешни работи во Србија. Во биографијата на Вања Хаџовиќ пишува дека завршила менаџмент за медиуми на „Мегатренд“, а во моментов пак се подготвува за странска служба.

Ништо од ова не би било толку скандалозно ако српски „Блиц“ не ги објавеше разголените фотографии кои младата советничка самата си ги постирала на интернет.

– Таа веќе некое време работи во МНР и се обучува во различни сектори – велат за „Блиц“ од МНР.

Во нејзината биографија пишува дека таа е заменик-претседател на младите во Социјалистичката партија на Србите, што ѝ беше пропусница за вработување во МНР. Во нејзината партија велат дека иако се појавува на нивните веселби и прослави, Вања веќе подолго време не е активна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top