Тројца скопјани и еден полицаец од Куманово се пријавени поради тоа што на 17 македонски државјани им помагале да заминат за Германија. Овие 17-мина претходно биле депортирани од Србија во Македонија, кога се обиделе да ја поминат српско-унгарската граница.
Одделението за илегална миграција и превенција при РЦ „Север“ поднесе кривична пријава против С.А. (39), Ќ.А. (37) и Ф.Е. (36) сите од Скопје за сторено кривично дело – злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор како и против Ф.М. (31) од Куманово, полициски службеник на ГП “Табановце“ за кривично дело -помагање.
Имено, завчера (09.11.) во 23,45 часот, на ГП “Табановце“ од страна на српските погранични органи депортирани се 17 македонски државјани на кои претходно не им бил дозволен излез од Р.Србија кон Р.Унгарија, поради сомнение дека имале намера во европските земји да го злоупотребат безвизниот режим. По преземени мерки од страна на полицијата и извршени разговори со депортираните лица е утврдено дека пријавените на депортираните лица кои се од подрачјата на Битола, Радовиш, Кичево, Велес, Неготино и Кавадарци им ветиле дека за паричен надомест од 250 евра по лице ќе им организираат транспрот до Германија.
Заради тоа депортираните лица на 07 овој месец биле донесени во куќа во населбата Топана во Скопје, од каде што со такси возила биле префрлени до српско-македонската граница, и во договор со четврто пријавениот кој бил на работа на пасошка контрола на посочениот граничен премин, биле пуштени без да ги евидентира во системот за влез-излез на патници. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.