Роби Вилијамс, познат по хуморот пред секој настап, малку погрубо си поигра со поранешната девојка.
На претставувањето на новиот албум, емотивно се „отворил“ околу својата ќерка Теодора.
– Родителството е најдоброто нешто што ми се има случено, а раѓањето на мојата ќерка пред 13 месеци потполно му го смени животот- признал Вилијамс. Потоа се потсетил и на старите, лоши работи, како рехабилитацијата, албумот „Rudebox“, но и на поранешната девојка Гери Халивеј од „Спајсгрлс“.
– Требаше да излегувам со Викторија, нели? Ќе бев попопуларен! – рекол Роби, кој потоа сепак јавно ѝ се извинил на Гери за таа несолена шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.