Приштина го обвинува Белград дека е одговорен за нападот на гласачкото место во училиштето „Свети Сава“ во северниот дел на Косовска Митровица на трети ноември, објави „Коха Диторе“.
-Нападот на гласачкото место во Митровица беше планиран и организиран од професионалец, зад кој стојат нелегални структури на Србија, пишува приштинскиот весник.
Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, за весникот рекол дека вината за пречки во изборниот процес на северот на Косовска Митровица не може да се поврзе само со хулиганите.
-Во Северна Митровица, односно во училиштето, нападот го планираа и организираа стручни лица кои го уништија изборниот материјал и се закануваа со домашни и меѓународни набљудувачи, а одговорноста за тоа не може да биде само на хулиганите, и јас мислам дека зад овој напад стојат структурите на српската држава, изјавил Хоџај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


