На прашањето дали постои некој кој во моментот ја прави спокојна, 46-годишната македонска пејачка вели дека има потреба да го пронајде својот Роберт Редфорд.
– Во моментов го барам, а кога ќе го најдам сигурно ќе ви кажам. Се шегувам, не го барам, ќе ме пронајде тој мене. Опкружена сум со љубов, внимание и би било неблагодарно од моја страна да зборувам дека нешто ми недостига. Се разбира, како и секоја жена, и јас го имам тоа чувство, поточно ме следи таа потреба да го најдам својот Роберт Редфорд. Инаку, тој е единствениот русокос маж кој ми е симпатичен и привлечен.
Калиопи, која во изминатите две години видно е разубавена и ослабена, открива дека за тоа не е заслужна естетската хирургија, како што се зборува во јавноста, туку нејзината желба повторно да ја разбуди жената во себе.
– По 45. година добивам комплименти за мојот изглед како никогаш досега. Кога бев млада се зборуваше за тоа како пеам и какви ми се песните, а сега не можам да се откачам од коментарите колку добро изгледам. Се прашувам често каков е тој виц. Во хороскоп сум Јарец и ми пишува дека најдобрите работи ќе ми се случуваат во втората половина на животот, но не очекував дека ќе добивам комплименти за мојот изглед. Тајната е во тоа дека до 45-тата година во животот мислите ми беа преокупирани со некои посуштествени работи и не размислував дали сум убава или згодна, ми беше важно само да бидам среќnа и да ги усреќувам луѓето – вели поп-дивата.
На прашањето кој е нејзиниот најголем порок таа признава дека го има, но тоа не се ниту дрогата, ни алкохолот, ни цигарите.
– Храната е мојот најголем порок. А тоа одеше до таа мерка што повеќе во огледало не ги забележував последиците кои на мене ги оставаше прејадувањето. Пред три години влегов во процес да се вратам во форма каква што заслужуваат моето тело и мојата внатрешна состојба. Се наградив себеси што симнав 25 килограми. Тоа беше тешко бидејќи губењето килограми бара посветена работа и физичка активност. Тој процес уште трае, сакам да ослабнам уште 5 килограми – вели пејачката и додава дека токму поради тоа луѓето мислат дека направила некоја хируршка интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Калиопи: Мојот прв и бивши сопруг е многу важен во мојот живот
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Фото старо 31 година, Калиопи и Панчев во „Екран“


