| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За името одлучува народот

Името е на државата, на народот. Само народот може да одлучува за името и тоа на јавно распишан, организиран референдум, порача премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груесвки

101795116– Само народот може да одлучи дали, кога и како би се менувало или не, името на државата, истакна денеска премиерот Груевски на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалинк на Скопје Коце Трајановски.

– Во последно време гледам го враќаат во игра името. Ја вадат темата повторно. Откако со насилство и со бојкот им завршија голема работа на оние кои ја попречуваат Македонија во европските интеграции, и тоа не им е доволно. Сега пак почнаа да шпекулираат со името. Сакам да му кажам на Бранко. Еднаш, двапати, безброј пати сум кажал, а тоа го има и во нашата програма, дека името е на државата, на народот. Само народот може само да одлучува за името- рече Груевски.

Црвенковски од него, како што напомена, не може да очекува исто да постапи.

– Како пред 20 години, кога во договор во четири очи, тајно и конспиративно го промени името и потоа викаше дека тоа ќе било за само два месеца, а потоа дека се ќе се врати по старо. Не се чепкај Бранко за името. Народот памети и одлучува. Запамети го тоа- порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top