Околу 4 илјади жители на градот Бароу живеат на најсеверната точка на САД каде што температурата од декември до март речиси не се крева над нулата. Кај нив овој месец ќе зајде сонцето и нема да се појави на хоризонтот во наредните 65 дена. Градот е многу изолиран и опкружен со дивина, а нема ниту асфалтирани патишта по кои можете да возите за да стигнете до таму. Според списанието „Бизнис инсајдер“, за среќа тамошните граѓани, кои главно се потомци на домородното население, имаат доволно работа, добра инфраструктура поради природните ресурси од нафта и плин, а луѓето со тоа и работат. Жителите на Бароу велат дека уживаат тука затоа што имаат култура и заедништво кое е својствено за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


