Белградското студио Рингишпил објави аукција за донации за да го доврши цртаниот филм за Никола Тесла. Оваа независна група на ентузијасти- вљубеници во анимирани филмови ги зближила љубовта кон научникот Тесла.
Цртаниот е насловен како „Tesla & The Lamplighter“ и е при крај, останува само продукцискиот процес кој, за нив, е прескап, доколку се цели кон одличен квалитет. До сега имаат собрано околу 13 илјади долари од донациите, а потребни им се 15. Објавен е и краток вдео инсерт- најава за филмот за кој велат дека е „волшебна, надреална приказна за враќање на надежта во соништата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


