| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремистот Либерман се враќа на чело на израелската дипломатија

h_51090861Израелската Влада го одобри враќањето на Авигдор Либерман како министер за надворешни работи на Израел, откако во средата Судот во Ерусалим го ослободи од обвиненијата за измама и за злоупотреба на довербата.
Либерман повторно ќе ја презме функцијата шеф на дипломатијата, што ја напушти лани во декември, откако утре и официјално ќе положи заклетва пред Кнесетот.
h_51090785Во претходниот мандатат на чело на Министерството за надворени работи, Либерман, кој е лидер на екстремно десничарската партија Израел Беитену, беша држен на страна од израелско-палестинските преговори и односите со САД. Некои аналитичари оценуваат дека враќањето на Либерман на чело на израелската дипломатија претставува „тежок удар“ за американскиот државен секретар Џон Кери, кој изминативе денови беше во неколкудневна мисија во Ирзаел, во обид за возобновување на изралеско-палестинските преговори.
Либерман во повеќе наврати изјавуваше дека не верува во можноста за договор со Палесинците и одбива да го признае претседателот на Палестинската автономна управа Махмуд Абас, за партнер во преговарачкиот процес.
Либерман (55) беше обвинет дека во текот на 2009 година издејствувал поранешниот амбасадор на Израел во Белорусија да биде назначен за амбасадор во Летонија во замена за доверливи информации од истрага што против него ја воделе израелските власти. Тој ги отфрлаше сите обвинувања, тврдејќи дека не сторил ништо противзаконско.
Ослободителната пресуда на Либерман ја спаси владината коалиција од потреси, имајќи предвид дека Израел Беитену е клучен партнер во Владата на конзервативната партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанијаху.
Авигдор Либерман е роден во 1958 година во Кишињев во Молдавија, во тогашниот Советски Сојуз. Тој се преселил во Израел на 20-годишна возраст во 1978 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top