Папата денеска, на годишнината од Кристалната ноќ, побара од католлиците „да бидат будни над секој облик на нетолеранција и мразење“. Римокатоличкиот поглавар на неделната молитва на преполниот плоштад Свети Петар, збореше за насилството во ноќта меѓу 9 и 10 ноември 1938 над Евреите.
– Да го обновиме нашето чувство за блискост и солидарност со еврејскиот народ, кој што е наш постар брат. Се молиме нашите сеќавања и гревови од минатото да ни помогнат да бидеме будни над секој облик на мрзење и нетолеранција, порача Папата.
Таа ноќ нацистите во Германија демолирале над седум илјади еврејски куќи и продавници и запалиле стотици синагоги. Убиени биле над 90 угледни Евреи со што почна систематското прогонување на народот кој кулминираше за време на втората светска војна со милиони жртви. Тој настан се нарекува Кристална ноќ, бидејќи улиците во Берлин и други германски градови биле прекриени со скршени стакла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


