Во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Лондон во првото полуфинале победи шпанскиот тенисер Рафаел Надал. Тој успеа да го победи вечниот ривал и наајдобриот тенисер на сите времиња Роже Федерер со убедливи 2-0 (7-5, 6-3) во сетови.
Во првиот сет Надал брзо дојде до брејк на сервис на Федерер и кога се чинеше дека лесно ќе дојде до освојување на првиот сет, Федерер се созема и успеа да го врати брејкот во десетиот гем. Сепак Надал врати со брејк во следниот гем на сервис на противникот и испеа да го освои сетот. Во вториот сет голем пад во играта на популарниот „Федекс“. Големиот број на неизнудени грешки на мрежа и одличните поени на Надал од основната линија му донесоа на шпанецот два брејка со кои победи во полуфиналето и му донесе пласман во големото финале каде ќе го чека победникот од мечот Ѓоковиќ-Вавринка кој се игра во 21.00 часот.
Тениската јавност очекува последниот натпревар во сезоната да заврши со една вистинска класика меѓу првиот и вториот на АТП листата, односно супер меч на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



