| четврток, 6 декември 2018 |

Република Српска: Високиот претставник го гуши демократскиот развој во БиХ

banja lukaВладата на Република Српска ќе побара од Советот за безбедност на ОН за затворање на Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.
Во соопштението на Владата во Бања Лука се нагласува дека ова меѓународно тело „претставува главна пречка за политичкиот напредок и европската интеграција на БиХ“.
„Присвојувањето на буквално неограничени политички надлежност од високиот претставник во Босна и Херцеговина е правно неодржливо, а неговото останување го гуши демократскиот развој на Босна и Хрецеговина, се наведува во соопштението“, се вели во соопштението.
Барањето од Бања Лука доаѓа по објавувањето на редовниот извештај на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко до генералнито секретар на ОН, во кој се оценува дека во земјата продолжува политичката блокада, поради што таа доцни во европските инеграции зад своите соседи.
Инцко посочува дека во БиХ има проблеми во сферата на владеењто на правото, постојат политички притисици врз судството и властите не ги почитуваат одлуките на Уставниот суд.
– Локални лидери продолжуваат со јавно и дирекно оспорување на Дејтонскиот договор, како и на територијалната целовитост на Боска и Херцеговина, смета Инцко, додавјаќи дека таквите изјави се контрапродуктивни и ја заголемуваат политичката нестабилност на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top