| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен во употреба реновираниот регионален пат Пробиштип-Свети Николе

pat sv nikole

Регионалниот патен правец Свети Николе-Пробиштип, целосно модернизиран, е пуштен во употреба во должина од 28 километри. Станува збор за проект на Владата вреден 52 милиона денари што го реализира ЈП „Македонија пат“.

– За време на изборите дадовме ветување кое, не само што го исполнивме, туку и предвреме  го реализираме, сега, а не како што беше планирано во 2015 година, истакна премиерот Никола Груевски пред отворањето на делницата.
Според него, многу години ова беше само земјен коловоз и постарите жители, освен по маката да пристигнат до посакуваната локација, го паметат и како ветување дека ќе се изгради од многу претходни генерации политичари.  Делницата од патот меѓу селата Мечкуевци и Куково досега беше пробиена, со земјен коловоз, мала ширина и голем број нерамнини и препреки. Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин, Како што напомена, патот е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top