| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Маркез шампион во дебитантската сезона

markez

Младиот шпански мотоциклист Марк Маркез со денешното освоено трето место на патеката во Валенсија победи во шампионатот МотоГП. Тој во текот на целата сезона беше лидер и заслужено ја освои сеозоната. Оваа година тој беше дебитант, но во текот на сите 18 трки кои ги заврши беше на едно од првите три места. Освои девет пол позиции и победи во шест трки. По цели 35 години Марк Маркез е првио дебитант кој го освоил шампионатот. Со 20 години е најмладиот возач во историјата на МотоГП кој освоил титула.
На денешната трка победник беше неговиот најголемиот конкурент Хорхе Лоренцо кој пред оваа трка се надеваше дека може да ја освои титулата иако заостануваше 13 бодови. Тој требаше да победи, а Маркез да се пласира подолу од петтото место.
Сепак заслужена е тутулата за наследникот на големиот Валентино Роси.
Втор на денешната трка беше уште еден шпанец. Тимскиот колега на Маркез Дани Педроса.

Во Мото2 шампионатот титулата ја освои Пол Еспаргаро кој од порано го имаше обезбедено пиедесталот.
Во Валенсија победи Николас Терол пред Жорди Торес и Јохан Зарко.

Исто како и во МотоГП така и во Мото3 шампионатот беше одлучен на последната трка.
За титулата се бореа дури тројца мотоциклисти кои во генералниот пласман беа на само пет бодови разлика.
Луис Салом беше лидер пред оваа трка пред Маверик Вињалес и Алекс Ринс. Сепак Салом падна во Валенсија и не заврши во конкуренција за бодови. Тоа го искористи Вињалес и со денешната победа му ја украде титулата на Салом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top