
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го означи почетокот на работа на гас на Топланата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“-Скопје, со што е завршено поставувањето гасификациска мрежа од речиси 1,5 километри и сите клиники се опфатени со гасификацијата преку централната котларница. Инвестицијата чини 48 милиони денари обезбедени од Министерството и од буџетите на клиниките. Градежните работи од приклучокот до мерната регулаторна станица ги изведе ГАМА.
Станува збор за капитална инвестиција која е многу значајна од минимум два аспекта – сериозна заштита на здравјето на граѓаните и финансиска заштитеда. Министерот Тодоров изјави дека проектот за гасификација кој пред неколку месеци го најавиле е реализиран.
– Завршува една ера на енормно загадување на Центарот, но и на целиот град, имајќи предвид дека во зимските денови тука во Клиничкиот центар трошевме 20 тони мазут дневно или околу 4.000 тони годишно и испуштавме во воздухот околу 100 тони сулфур диоксид годишно. Ова беше еден од главните извори на загадување на центарот, но и пошироко во градот Скопје, рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот клинички центар се сели локациски – наместо во Бардовци на влез во Скопје
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Банката на Советот на Европа ќе си ги добие назад 70 милиони евра: Владата се откажа од проектот за Клинички центар во Бардовци
-
Нов клинички центар ќе се гради на територијата на општина Карпош


