
Битолчанки се поубави од скопјанки, изјави за “Вест” рок-пејачот Влатко Илиевски, кој веќе два месеца живее и работи во Битола, како актер вклучен во подготовката на новата претстава на Битолскиот народен театар, “Есенин”, во режија на Благојче Божиновски.
“Битолчанки се супер, многу поубави од скопјанки. Битола има навистина преубав ноќен живот и по премиерата, планирам пак да дојдам приватно тука. Во Битола сум цели два месеца и ретко одам за Скопје, само ако имам некоја обврска”, ни изјави Илиевски.
Движејќи се низ Широк сокак и на други места во градот, тој веќе подолго време го привлекува вниманието на битолската јавност. Билетите за претставата во која го игра главниот лик на рускиот поет Сергеј Есенин, веќе се продадени. Претставата ќе има две премиери: в недела и в понеделник, од 19 часот, на сцената на Битолскиот народен театар. Жените на Есенин ќе ги игра битолската актерка Габриела Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


