| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот потпретседател на СДСМ прашува: Зошто Шекеринска не се кандидира за претседател?

zoran jovanovski2

Поранешниот потпретседател на опозиционата СДСМ отвори дебата на неговиот фејсбук профил поставувајќи прашање „зошто Радмила Шекеринска не се нафати да биде кандидат на опозицијата за претстојните претседателски избори?“

Прашањето на Јовановски збуни многу поддржувачи на опозицијата, а тој не се впушти во дополнително објаснување на неговиот недоволно јасен статус. Дел од нив го оценија како добро и правилно прашањето, други пак сметаат дека Јовановски е циничен и несериозен.

zoran jovanovski

Јовановски се повлече од партијта само ден по изборот на новото партиско раководство и новиот лидер Зоран Заев. Во таа прилика, Јовановски изјави:

„Јас во мојот живот никогаш не сум калкулирал, туку сум се однесувал чесно и достоинствено. Така влегов во оваа приказна, така и излегувам. Ќе продолжам и понатаму да се борам за вредностите во кои силно верувам, но отсега тоа ќе го правам на лично, индивидуално ниво. Од денес се враќам во полн капацитет на мојот професионален ангажман“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top