Еден од најневеројатните натпревари во поновата историја на НБА се одигра ноќеска во Мајами. актуелниот шампион предворен од фантастичниот Леброн Џејмс имаше победа во рацете на 3,5 секунди до крајот со водство од 110-106.
Но тогаш се случи неверојатен расплет на настаните, Бостон направи неверојатен пресврт и на крајот славеше.
Најпрво Џералд Валас постигна поени за Бостон и намали на 110-108 на 3,5 секунди до крајот, а потоа истиот играч го фаулираше Двејн Вејд на шест стотинки пред истекот на времето.
Вејд го промаши првото фрлање, а потоа направи неверојатно неинтелигентен потег, намерно промашувајќи го кошот. Играчот на Бостон ја фати топката и побара тајм аут а времето не почна да тече затоа што топката не удри воопшто во обрач. Бостон го изведе новиот напад од центарот на игралиштето. Валас на уфрли топката во игра до Џеф Грин кој од самиот агол на теренот на стотинка пред крајот постигна сензационална тројка преку Леброн Џејмс.
Погледнете ги промашените слободни на Вејд и тројката на Џеф Грин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.