| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: Новите автопати ќе ја раздвижат економијата

Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска од Валандово најави раздвижување на економијата во земјата во 2014 со зголемување на средствата за капитални инвестиции за 20 отсто.

– Во 2014 година капиталните инвестиции ќе достигнат преку 520 милиони евра. Дел од нив, околу 360 милиони евра се реализираат преку буџетот на РМ, а дел преку ЈП за патишта во изградба на нови патишта. Тоа покажаува дека капиталните инвестиции ќе бидат силен замаец на развојот на македонската економија во 2014 година и ќе го придвижат економскиот раст на земјата, изјави Ставрески.

Најзначајни се, рече, двата автопата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, интензивирањето на изградбата на Коридорот 10, но и реализацијата на многу други патишта од локален и регионален карактер.

– Тоа ќе креира нови работни места и ќе придонесе за поголем економски раст. Таа политика на Владата и оваа година се покажа успешна и верувам дека догодина ќе даде уште поголеми резултати, истакна вицпремиерот и министер за финансии Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top