Во последната анкета која ја направи „Пју“ покажува дека, популарсноста на американскиот претседател Барак Обама се намали на само 41 отсто луѓе кои ја поддржуваат неговата работа, додека дури 53 отсто тврдат дека не се задоволни со тоа како ја извршува претседателската функција.
Во споредба со лани, Обама загубил 14 отсто поддршка и разликата меѓу коие кои го поддржуваат и оние кои не го поддржуваат никогаш досега не била толку висока.
„Пју“ истражувачкиот центар направи и споредба со тројца претседатели на САД во петтата година од мандатот, и според таа табела, полош од Обама со 36 отсто поддршка во тој момент бил Џорџ Буш додека пред него бил Бил Клинтон во првата година од вториот мандат со поддршка од 58 отсто анкетирани.
Обама најлошо котира и кога станува збор за економијата – има поддршка од само 31 отсто кои тврдат дека државата ја води на тоа поле во добра насока, а дури 65 отсто не мислат така.
Позитивна оценка има само за борбата против тероризмот со поддршка од 51 отсто Американци, а не го поддржуваат 44 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.