| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец грабнал 19-годишна скопјанка

Полициски службеник изминатата недела грабнал 19-годишна девојка која ја затворил во службеното комбе и ја возел низ Скопје.

Како што пренесува интернет порталот „Курир“, полицаецот на возраст од околу 35 години претходно се познавал со девојката, по што за време на дежурството во текот на неделава и се јавил да се симне пред зградата во која живеела таа.

Откако таа се симнала тие започнале расправија, по што полицаецот во униформа ја пикнал девојката во затворениот дел од полициското комбе и заедно со неговиот колега, кој не бил запознаен со намерата на полицаецот грабнувач, ја возеле низ Скопје.

Не е познато како девојката успеала да избега, но подоцна таа го пријавила случајот во полиција, по што веднаш било реагирано. Според нашите информациите полицискиот службеник бил веднаш суспендиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top