Под мотото “Солидарни, за похумано општество”, СДММ денеска пред седиштето на СДСМ, го одбележа 22-от роденден.
– Младите на СДСМ се одлучија за хуманитарен роденденски хепенинг, преку којшто ќе помогнат за лекување на свој другар, колега и сопартиец, на овој начин сакајки да ја покажат цврстата определеност кон значајните принципи на социјалдемократијата, хуманост и солидарност. Во период што претстои, уште повеќе ќе се залагаме за праведно и слободно општество, во коешто младите ќе ја гледаат својата шанса за учење, работење и живеење во нашата држава, Република Македонија, е нашата порака – велат од СДММ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој дојде да им ја честита на младите социјалдемократи 22 годишнината од формирањето на СДММ.
Новиот лидер на СДММ, Стефан Богоев, рече дека СДММ по 22 години испишува ново поглавје на СДСМ, во коешто главен акцент ќе се стави на другарството, чесноста, искреноста, храбороста и единството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.