Европската вселенска агенција соопшти дека нејзиниот сателит за истражување GOCE ќе падне на Земјата во ноќта помеѓу недела и понеденик, или во понеделник, но не се очекува дека неговиот пад ќе предизвика некаква штета.
Научниците велат дека сателитот со маса од 1.100 килограми спирално се спушта кон Земјата и дека веќе е спуштен на висина од 170 километри. Се очекува дека сателитот ќе се распадне на висина од 80 километри после што би требало да изгорат четири петини од неговата маса.
Европската вселенска агенција наведува дека 250.000 пати шансите се поголеми некои да добие на лото премија,отколку врз него да падне парче од сателит. Парчињата кои евентуално би паднале на Земјата би имале 90 килограми.
GOCE е лансиран во 2009-та, се со цел да го мапира гравитационото поле на Земјата, а минатиот месец тој остана без гориво со што неговата мисија и официјално беше завршена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.