| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец нападнат и ограбен кај Железничка станица

bankomat

Двесетитригодишен охриѓанец бил нападнат, расечен со нож и ограбен на железничката станица во Скопје. Според полицијата инцидентот се случил вчера околу 18 часот и 30 мунути  на  булеварот Кузман Јосифовски – Питу, во близина на Железничката станица, во Скопје, додека 23- годишниот М.С. од Охрид, вадел пари од банкомат, двајца насилници со нож го нападнале и му нанеле неколку убоди, по што му го украле паричникот во кој имал 12.500 денари и побегнале.

Полицијата ги бара насилниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top