Рускиот лизгач на мраз славниот Евгениј Плушенко се врати на мразот учествувајќи на Волво купот што се одржа во Рига.
Тој по пауза од десет месеци поради операција на грбот се искачи на пиедесталот победувајќи ги Александар Петров и Жан Буш. Олимпискиот шампион од зимските олимписки игри во Торино 2006 година со оваа победа најави борба за највисок пласман и на олимписките игри што ќе се одржат во Сочи Русија следната година.
– Бев доста нервозен пред настапот бидејќи не се натпреварувам 10 месеци од европското првенство што се одржа во Загреб. Најважно е што не чуствувам болки во грбот, но сеуште не можам да направам некои од потешките елементи изјави Плушенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.