| четврток, 6 декември 2018 |

Индијана го израмни рекордот

Pol george

Со синоќешната победа над Торонто 91-84 екипата на Индијана го израмни клубскиот рекорд од сезоната 1970-71 со шест победи по ред на отварањето на новата НБА сезона. Индијана е единствената екипа без пораз во новата сезона.
Одличната форма на Индијана продолжува од крајот на претходната сеозна кога во финалето на источната конференција загубија во седум натпревари од тимот на Мајами. Со оваа серија Индијана најавува борба за највисок пласман во долгата сезона. Најефикасен на натпреварот беше Пол Џорџ со 23 поени од кои 17 постигна во третата четвртина кога практично се беше решено името на победникот. Одличен меч имаа и Рој Хиберт со 20 и Џорџ Хил со 14 коша.

Во останатите натпревари од синоќешната програма беа постигнати следниве резултати:

Портланд – Сакраменто 101-94, Феникс – Денвер 114-103, Сан Антонио – Г. Стејт 76-74, Минесота – Далас 116-108, Чикаго – Јута 97-73, Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 96-85, Детроит – Оклахома 110-119, Шарлот – Њујорк 91-101, Вашингтон – Бруклин 112-108 (по продолжение), Филаделфија – Кливленд 94-79, Индијана – Торонто 91-84, Орландо – Бостон 89-91.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top