
Иако локалните охридски медиуми објавија дека во синоќешната сообраќајна незгода загинале три момчиња на дваесетгодишна возраст, СВР Охрид ги демантира ваквите информации. Според нив ноќеска, по полноќ кај авто кампот Елешац се случила тешка сообраќајна незгода во која животот го загубиле три лица од Охрид. Едно на воздраст од дваесет години, а другите двајца сопружници на воздраст од околу 40 години.
Несреќата се случила во директен судир помеѓу две возила од кои едното марка Џип каде имало три лица. Неофицијално, веднаш на местото на несреќата погинал совозачот, а возачот бил итно пренесен во болница.
Џипот кој се движел од пештани кон Охрид се судрил со возило во кое биле двајцата сопружници.
Во меѓувреме пристигна и официјалните информации:
На лице место, на повредите им подлегнале Х.Ј(21) кој се наоѓал во возило „Исузу“и сопружниците К.Д.(39) и Т.Д(28) кои биле во возило „Рено канго“, сите од Охрид. Тешки повреди има П.Ш кој ноќеска итно е опериран на хирургија во болницата во Охрид. Тој бил зад воланот на возилото „Исузу“ во кое бил и Д.С(23) и кој има полесни повреди. Полициски екипи, брза помош и екипи на пожарната бригада од Охрид синоќа беа на местото каде се случи сообраќајката.Полицијата изврши увид заедно со истражен судија и јавен обвинител. Се утврдуваат причините за сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


