Според информации на „Република“ вечерва на полноќ на патот Охрид – Свети Наум најверојатно во директен судир меѓу две возила загинаа три лица.
Според првичните информации од Охрид катастрофалната сообраќајна несреќа се случила во близина на автокампот Елешац.
Сеуште нема информации за идентитетот на загинатите и за моделот на возилата кои што учествувале во судирот.
Охридската полиција сеуште врши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


